Skip to main content

Легендата Бускетс си заминува од фудбалот

 Поранешниот играч од средниот ред на Шпанија и Барселона, Серхио Бускетс, заминува во фудбалска пензија на крајот од сезоната во американската МЛС лига, објави синоќа неговиот клуб Интер Мајами.

Триесетиседумгодишниот Бускетс ја почна кариера во младинските редови на Барселона и мина вкупно 18 години во каталонскиот клуб, дебитирајќи во сениорска конкуренција во 2008 година, пред да му се приклучи на Мајами во 2023 година, каде сега игра заедно со поранешните клупски колеги Лионел Меси, Жорди Алба и Луис Суарез.

„Чувствувам дека дојде време да се збогувам со мојата кариера како професионален фудбалер. Поминаа речиси 20 години уживајќи во оваа неверојатна приказна за која отсекогаш сонував“, наведе Бускетс во видео објавено на Инстаграм.

„Се пензионирам многу среќен, горд, исполнет и пред сè благодарен … Ви благодарам на сите многу, се гледаме наскоро“, порача Бускетс, кој се смета за еден од најдобрите дефанзивни играчи од средниот ред на сите времиња.

Бускетс одигра повеќе од 700 натпревари за Барселона, освојувајќи девет титули во Ла Лига и три трофеи во Лигата на шампионите со каталонскиот клуб, а за шпанската репрезентација одигра 143 и го освои Светското првенство во 2010 година, како и Европското првенство две години подоцна