Skip to main content

Кварацхелија во ПСЖ?

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија сака да го напушти клубот во јануари, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, главен кандидат за потписот на 23-годишниот Грузиец е ПСЖ. Парижаните веќе разговараат за сумата за трансфер со Наполи која би можела да изнесува околу 80 милиони евра. 

Застапниците на играчот веќе преговараат и за условите од неговиот личен договор.

Договорот на Кварацхелија со Наполи е до летото 2027 година. Оваа сезона на 19 натпревари тој постигна 5 гола и 3 асистенции. 

Трансфермаркт вредноста на фудбалерот ја проценува на 85 милиони евра.