
Тони Крос, кој освои 22 трофеи со Реал Мадрид, е збунет од она што го видел од неговите поранешни соиграчи на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал.
Шпанскиот тим прими три гола и не успеа да постигне ниту еден, поради што има минимални шанси во реваншот кој ќе се игра во среда на „Бернабеу“.
-Од искуство можам да кажам дека обично кога Реал Мадрид е во ваква улога, секогаш доаѓа момент кога имаш чувство дека ќе дадат гол, дури и да останат 5, 6 или 7 минути. И како што знаете, постигнувањето гол во оваа фаза е секогаш исклучително важно за да ги задржите вашите шанси. Овој гол е одлучувачки за реваншот. Но, можеше да се види – од говорот на телото на момчињата (претпоставувам, бидејќи играв со нив со години) – се чинеше дека велат: „Само да не ни дадат четврти гол“. И ова е многу чудно, бидејќи никогаш не било вака. Без разлика против кого игравме – имаше натпревари што ги загубивме, но никогаш не сме имале ваков став, прокоментира Крос на неговиот поткаст.
Според него, емоционалниот фактор ќе биде одлучувачки елемент.
-Мора да го натерате Арсенал, кој нема искуство во четвртфиналето на Лигата на шампионите, особено не во Мадрид, да помисли: „Уште не е готово“, додаде Крос.