Skip to main content

Koмпјутерот вели дека Ливерпул ќе ја освои Лигата на шампионите

 Суперкомпјутерот на британската компанија за спортска анализа „Opta“ го обнови рангирањето на фаворитите во фудбалската Лига на шампионите за 2024/25 година пред првите натпревари од осминафиналето во елитното фудбалско натпреварување.

Ливерпул важи за главни фаворити, а неговите шанси за освојување на титулата се зголемуваат од 17,2% на 19,2%. 

На второ место е Барселона (14,8%), на трето е Интер (14%).

Во првите 6 на ажурираното рангирање за освојување на турнирот се и Арсенал (11,6%), Реал Мадрид (9,8%) и Пари Сен-Жермен (9,5%). 

Следуваат Баер Леверкузен (5,4%), Баерн Минхен (5,3%), Атлетико Мадрид (4,2%) и Бенфика (1,3%).

Првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одиграат вечер и утревечер. Реваншите ќе се играат на 11 и 12 март

Поврзани вести