Skip to main content

Кој се сеќава? На денешен ден Златко Вујовиќ промаши безброј шанси на „Вембли“

Постарите фанови на фудбалот сигурно ќе се сетат на Златко Вујовиќ. Тој играше за репрезентацијата на поранешна СФР Југославија 11 години, воодушевувајќи  многу пати со голови, брзина, продор и центаршутови. Остана запаметен како еден од најподготвените фудбалери на нашите простори. Златко Вујовиќ, поранешниот ас на Хајдук Сплит, Бордо, Ница, Пари Сен Жермен и нашата репрезентација, немаше ниту едно убаво сеќавање од своите 70 натпревари за „сините“.

На денешен ден во Лондон, на почетокот од квалификациите за Европското првенство 1988 во СФР Германија, Англија го победи тимот на Ивица Осим со 2-0, а Вујовиќ пропушти неколку колосални можности.