Skip to main content

Касемиро ќе остане во Манчестер јунајтед

Искусниот играч за врска, Касемиро, по долго размислување реши да остане во Англија.

Го почитувам Манчестер и многу сум благодарен што сум тука. Имам уште една и пол година од договорот и би сакал да го дочекам до крај во клубот. Јас и моето семејство сме среќни во Манчестер, зборуваме англиски, целосно се адаптиравме. Благодарен сум и на навивачите на клубот, среќен сум. Не и затоа што сум на клупата, но на мене е да го направам тоа што го правам најдобро. Би сакал да играм повеќе, бидејќи нема играч кој не сака да биде на теренот. Сепак, го почитувам Рубен Аморим и неговите одлуки, изјави Касемиро во големото интервју за мадридски „АС“.

Откако Рубен Аморим го презеде Јунајтед, Бразилецот одигра само четири натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи го и синоќешниот натпревар против Тотенхем. Тој беше на теренот и против Лестер во ФА Купот, како и на два натпревари од УЕФА Лига Европа против Плзен и ФЦСБ.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите на крајот од сезоната, бидејќи Касемиро заедно со Кристијан Ериксен е еден од поискусните играчи на кои Аморим не смета за следната сезона.

Поврзани вести