Skip to main content

Иако одигра нерешено со Шкендија, Пелистер го смени тренерот

 Битолскиот фудбалски прволигаш Пелистер ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски.

– Клубот му се заблагодарува на Капинковски за ангажманот и професионалноста и му посакува успех во понатамошниот тек на кариерата. Клубот деновиве ќе го промовира новиот шеф на стручниот штаб, стои во соопштението на ФК Пелистер.

Во првите девет натпревари од Првата македонска лига, Пелистер запиша две победи, еден нерешен резултат и шест порази