Skip to main content

Ѓорѓиевски со македонските фудбалски репрезентативци: Поддршката од најдобрите многу ми значи

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со македонските фудбалски репрезентативци.

-Вечерва имав огромна чест да се дружам со македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски, Милан Ристовски, Виктор Серафимовски и Дамјан Шишковски, вистински спортски херои кои со срце и посветеност ги бранат боите на Македонија, објави Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека нивната поддршка за претстојните локални избори за град Скопје му значат исклучително многу и воедно им се заблагодари.

Вашата верба е мотив плус да продолжиме уште посилно, со тимски дух и јасна цел – победа за подобро, модерно и достоинствено Скопје! Продолжете да го радувате нашиот народ со вашите победи, потенцира во објавата Ѓорѓиевски.

Поврзани вести