
Контроверзниот газда на ФЦСБ, Џиџи Бекали имаше свое шоу за вечот со Шкендија. Тој од својот дом во Букурешт се јави во живо на телевизијата ДИГИСПОРТ и нареди да се променат двајца капитени што беше и направено.

Олару и Шут во 63. минута го напуштија теренот, а на нивно место влегоа Овидиу Периану и Мариус Стефанеску.
Во живо, за време на преносот на „Дигиспорт“, Бекали не се воздржа и директно ги обвини токму Периану и Стефанеску.

„Тие повеќе немаат што да бараат тука. Од утре ќе бидат избришани од европскиот список, а наместо нив ќе бидат пријавени Малком Еџума и Алекс Балута. Вакви играчи не заслужуваат место во тимот“ – изјави Бекали во текот на натпреварот.