Skip to main content

Галатасарај прави се што може за да го убеди Виктор Осимен да потпише нов договор

Facebook / Victor Osimhen
Facebook / Victor Osimhen

Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, разговарал со напаѓачот Виктор Осимен по телефон во обид да го убеди да потпише нов договор со турскиот клуб. Галатасарај е решен да го задржи Осимен по импресивната сезона во Истанбул како позајмен фудбалер од италијанскиот Наполи.

Бурук ги потврди големите амбиции на клубот, велејќи му на нигерискиот репрезентативец дека неговото останѕвање во тимот би била најдобрата одлука во неговата кариера, според локалниот весник „Фанатик“.

Напаѓачот постигна 37 гола и имаше осум асистенции во сите натпреварувања со Галатасарај, кој минатата сезона ја освои двојната круна во Турција. Ова предизвика интерес за Осимен од клубовите од Премиер лигата, а се вели дека е заинтересиран Манчестер Јунајтед, а саудискиот Ал-Хилал е подготвен да му понуди на играчот 40 милиони евра годишно.

Виктор Осимен, исто така, доби понуда од Јувентус, но клаузулата за ослободување во неговиот договор од 75 милиони евра важи само за клубови надвор од Италија, што му овозможува на шампионот на Серија „А“, Наполи, да инсистира на повисока трансферна цена од своите ривали. 

Поврзани вести