Skip to main content

Фернандеш е замената за Модриќ во Реал?

Printskrin

Реал Мадрид е заинтересиран за 30-годишниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш.

Според „Дејли стар“, португалскиот фудбалер се смета за потенцијална замена за 39-годишниот играч за врска Лука Модриќ. 

Потенцијалниот трансфер на Фернандеш во Реал Мадрид се проценува на 90 милиони фунти. 

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим сака да го задржи играчот од средниот ред во клубот, но управата сака да генерира дополнителни приходи и да ги намали трошоците.

Фернандеш оваа сезона одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 16 гола и 16 асистенции. Неговиот актуелен договор со премиерлигашот е до летото 2027. Пазарната вредност на фудбалерот, според „Transfermarkt“, е 55 милиони евра.

Договорот на Модриќ со Реал Мадрид истекува следното лето

Поврзани вести