
Бугарските фудбалски легенди Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Балаков преку својата фондација „Национал94“ ќе им помагаат на настраданите во пожарот во Кочани.
Нема датум и време за трагедија. После тоа остануваат само солзи и голема болка. Ние како Фондација „Национал94“ изразуваме сочувство до починатите. Фудбалот не приближи до народот во Македонија и важно е да ја дадеме нашата поддршка во овој момент, велат од фондацијата.
извор: Макспорт.мк