Skip to main content

Бензема си замина од Саудиска Арабија

– По само шестмесечен престој во Ал Хилал, 38-годишниот француски фудбалер Карим Бензема го напушти клубот од Саудиска Арабија.


Информацијата вечерва ја потврди саудискиот клуб со кој Бензема имаше договор до јуни 2027 година.
„Ал Хилал сака да му оддаде признание на Бензема за неговиот придонес за време на неговиот престој во нашиот тим. На теренот и надвор од него, тој секогаш покажуваше професионализам и посветеност“, објави Ал Хилал.
Бензема одигра само тринаесет натпревари за Ал Хилал, постигнувајќи девет голови.


Францускиот фудбалер ја почна кариерата во Лион и остави најдлабок белег како играч на Реал Мадрид за кој од 2009 до 2023 година одигра 439 натпревари и постигна 238 голови.


Во 2023 година од Реал се пресели во саудиски Ал Итихад, а потоа на почетокот на годината во Ал Хилал.

Поврзани вести