
Шампионот Реал Мадрид не успеа да победи трет последователен натпревар во Ла Лига, откако ремизираше 1:1 кај Осасуна во меч од 24.коло.
Од гледна точка на „кралевите“, мечот на „Ел Садар“ беше можеби еден од најскандалозните во однос на судењето во последно време. Резултатот е непријатен за „белите“ во борбата со Атлетико Мадрид и Барселона за титулата, но е и уште една рунда од битката со судиите.
Килијан Мбапе (15′) го доведе Реал во водство по силниот старт на тимот, но работите се свртеа наопаку за тимот од главниот град откако Џуд Белингем доби директен црвен картон во 39. минута. Тој му беше покажан за реплика кон главниот судија Хозе Луис Мунуера Монтеро.
Во вториот дел Осасуна израмни од пенал преку Анте Будимир (58’).