Skip to main content

Баварската машинерија меле во ЛШ

 Фудбалерите на Баерн вечерва на „Алијанц Арена“ во Минхен со пресврт дојдоа до победа од 3-1 над Спортинг Лисабон во натпревар од 6. коло од Лигата на шампиони.

Германскиот првак доминираше во текот на целиот натпревар, но португалскиот тим поведе во 54. минута, кога Џошуа Кимих, обидувајќи се да го блокира центаршутот на Жоао Симоеш, ја одби топката во сопствената мрежа.

Сепак, Баерн многу брзо го смени резултатот во своја корист. Серж Гнабри израмни во 65. минута, по корнерот на Михаел Олисе, а само четири минути подоцна, 17-годишниот играч од средниот ред Ленарт Карл го доведе составот на Винсент Компани во водство со својот трет гол оваа сезона во Лигата на шампиони.

Конечните 3-1 ги постави Џонатан Тах во 77. минута, повторно по асистенција на Гнабри.

Поврзани вести