Skip to main content

Барселона се врати на врвот со убедлив триумф над Реал Сосиедад

Фудбалерите на Барселона лесно го совладаа вечерва Реал Сосиедад со 4-0 на домашен терен во 26. коло од шпанската Ла Лига и се вратија на првото место на табелата.

Се беше полесно за Барселона од 17. минута кога гостинскиот Елустондо беше исклучен. Со играч повеќе на теренот Барселона напаѓаше во бранови и на крајот убедливо победи.

Во првото полувреме стрелци беа Жерар Мартин во 25. минута и Касадо во 29. минута, а во вториот дел прецизни беа Араухо во 56. минута и Левандовски во 60. минута. Двоен асистент на натпреварот беше Дани Олмо.

Барселона сега е прва на табелата со бод повеќе од Атлетико Мадрид, додека третопласираниот Реал Мадрид заостанува три бодови.

Поврзани вести