Баерн Минхен загуби од Баер Леверкузен во осминафиналето од Купот на Германија – 0:1.
Натпреварот се одигра синоќа на „Алијанц Арената“ во Минхен.
Во 17. минута тимот од Минхен остана во малцинство бидејќи голманот Мануел Нојер доби црвен картон.
Стрелец на единствениот гол беше играчот од средниот ред Нејтан Тел, кој погоди во 69. минута, осум минути откако влезе како замена.
Баер по ждрепката ќе го дознае противникот за четвртфиналето