Skip to main content

Aртета се надева дека играчите ќе го надминат поразот од Бормут пред утрешниот дуел во ЛШ

 Менаџерот на Арсенал Микел Артета по поразот (1:2) на завчерашниот дуел на домашен терен од Борнмут остана на лидерската позиција со девет бодови предност со два натпревара повеќе. Но, конкурентот Манчестер Сити има шанса да ја намали бодовната разлика.

–  Ова може да се случи – тоа е фудбал и треба да признаете дека противникот ги искористил шансите по вашите грешки. Ние бевме под своето ниво. Тоа е болно за играчите и треба да ги боли. Треба да сфатиме, или ќе се кренеме и бориме, или ќе нè нема. Имаме добри позиции во двете натпреварувања, но мора да бидеме подобри. Ова е голем удар и треба да знаме како да реагираме, изјави Артета.