Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп од Барселона (2:5).
– Мораме да се соочиме со вистината. Лошо се браневме, противникот лесно постигнуваше голови. Се претставивме лошо и како тим така и како поединци. Ова не вознемирува. Натпреварот беше лош од првата до последната минута. И кога имавме фудбалер повеќе не можевме да создадеме ништо. Важно беше да се браниме добро на овој натпревар, а ние, спротивно на тоа, бевме лоши во дефанзива. Барселона заслужи да победи, беше подобра од нас, изјави Анчелоти за „Ас“.
Барселона по 15. пат го освои шпанскиот Суперкуп. Каталонскиот клуб е рекордер во ова натпреварување.