Skip to main content

„Ал Наср засекогаш!“: Кристијано Роналдо останува во Саудиска Арабија до 2027 година

X / Cristiano Ronaldo
X / Cristiano Ronaldo

Португалската фудбалкса суперѕвезда Кристијано Роналдо официјално потпиша нов договор со кој ќе биде дел од Ал Наср од Саудиска Арабија до 2027 година, објави клубот. 

Роналдо беше претставен со посебен видео клип, во кој шета на плажа и на крајот вели пред камерата: „Ал Наср засекогаш!“

Со новиот договор, Кристијано Роналдо ќе остане во Саудиска Арабија до 42 години. 

Самиот Португалец даде повод за некои шпекулации, бидејќи по завршувањето на минатата сезона рече дека едно поглавје е затворено, и треба да се отвори ново, што многумина го поврзаа со промена на неговата клупска припадност.

Исто така, се зборуваше дека Кристијано Роналдо сака да игра на Светското клупско првенство и ќе избере друга средина, но одлучи да остане лојален на тимот во кој играше во последните неколку години.