Skip to main content
UT-cgoPy_fk

„Запејте сите ангели“ во изведба на Бојана Скендеровски – песна што повторно блеска во сета своја величина

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја распламтува љубовта кон татковината преку песна која не е само ноти, туку болка, радост, сеќавања – вистинска македонска емоција. Најновото музичко оживување во рамките на овој проект е легендарната „Запејте сите ангели“, песна што повторно блеска во сета своја величина, овојпат во маестрална и длабоко емотивна изведба на Бојана Скендеровски. Со уникатен вокал и душа полна љубов кон Македонија, Бојана ѝ дава нов живот на оваа композиција, под врвната музичка продукција на маестро Николче Мицевски.

Оригинално испеана од големиот Гоце Николовски во далечната 1991 година – година на историско значење за македонскиот народ – песната со музика на Николовски и текст на Јован Павловски, станува симбол на непокорниот дух и достоинството. Оваа композиција не е само музика, туку повик, повик до секој Македонец, каде и да е, да се сеќава, да љуби, да негува.

Скендеровски продукција, преку својата посветеност и автентична музичка визија, веќе ја остави душата на Македонија да прозвучи преку новите изведби на „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев) и „Горда Македонка“ (Зуица Лазова).

Секоја песна од овој проект е сведоштво за тоа дека музиката е јазикот на народот, мелодија на нашата меморија и идентитетот што го чуваме како најсвет дар.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ не е само музички проект, туку мисија – да ја зајакнеме љубовта кон земјата, да се потсетиме кои сме и зошто македонската песна е гордост и достоинство.

Поврзани вести