Skip to main content

Тандемот на хуморот: Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски

Откако веќе со години ги гледаме како омилени актери на сцената и малите екрани во Македонија, Тино и Атанас се потврдија и како најактуелното дуо во домашната стенд-ап комедија. Моментално во Македонија во јавниот простор се веќе истакнати како најпопуларните актери и стенд ап комичари , a нивните заеднички проекти се и доказ за истото. Минатата година , со нивното шоу „(Нат)просечен Македонец” Тино и Атанас навистина успеаја да го кренат стандар­дот.

Во рок од само 12 месеци, тие реализираа спектакуларни достигнувања, 4 полни спортски сали (СЦ Јане Сандански) , изведба на турнеја низ 12 македонски града , реализација на европска и Германска турнеја, а оваа година имаа и прекуокеанска турнеја во Канада.

Веста дека за првпат во Македонија, па и на Балканот се полнат четири големи сали за стендап од страна на свои артисти од Македонија е повеќе од јасно за нивниот талент и успех како актери и комичари.

Оваа година народот го добива тоа што минатата година направи историја. – Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски се враќаат на сцената со сосема нов стенд-ап спектакл под наслов „На Линија со Тино и Атанас“.

Новото шоу ветува уште поголема доза на хумор и препознатлива енергија, а како специјални гости ќе настапат добро познатите актери и комичари Антонио Ташковски и Александар Михајловски, кои што ќе го отворат шоуто и дополнително ќе ја збогатат вечерта со својот настап.

Првиот термин, закажан за 21 ноември 2025 година, беше распродаден во рекордно време, што уште еднаш потврди огромен интерес. Поради таа причина, организаторите веднаш најавија и втор датум – 23 ноември 2025 година, кој според продажбата на билетите, исто така се движи кон целосен солд аут.

Организаторите не можат да ги сокријат своите чувства: тие се горди на ланскиот проект „(Нат)просечен Македонец”, кој стапи како почеток на нешто ново во нашата држава. Тие сакаат да изјават дека ова е само почетокот на овој вид проекти кој што очигледно ја истакна културата на комедијата на повисоко ниво во нашата држава.

Поврзани вести