Стинг одложи два свои концерти и го откажа претстојниот настап на наградите на списанието „Бас“ (Bass) поради нарушено здравје, пишува „Дејли мејл“.
Познатиот 73-годишен музичар пејач на доделувањето на наградите требаше да добие награда за животно дело, но на крајот нема да учествува во неа.
Поранешниот фронтмен на „Полис“ ги откажа и концертите во САД, во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои се одложени до крајот на месецот додека не закрепне. Не е прецизирано за каков здравствен проблем се работи.
Портпаролот на Стинг во објава на социјалните мрежи потврди дека обожавателите можат да ги задржат своите оригинални билети, кои ќе важат за новите датуми на концертот.
По совет на лекар, поради болест, со искрено жалење Стинг мора да го откаже своето појавување на наградите на списанието „Бас“ (Bass) овој четврток и да ги одложи концертите во Феникс (првично закажани за 24 јануари) за 1 јуни и Wheatland (првично закажано за 26 јануари) за 28 мај, како и неговото појавување на 20-годишнината од Cherrytree Music Company, која сега се одржува на 29 мај. Старите билети ќе важат за новите датуми. Стинг искрено се извинува за непријатностите и изразува благодарност до фановите за разбирањето“, изјави портпаролот на пејачот.