
Друштво, (сегашни и поранешни членови, пријатели, познаници, фанови, хејтери, роднини, љубители и нељубители на ликовите и делата на Superhiks ) Тошо Филиповски подготвува една фина биографија за нас која ќе ги опфати последноте 32 години од сите аспекти на псотоењето на бендот, информираат членовите на „Суперхикс“ на социјалните мрежи.
Би ви биле благодарни доколку со него споделите искуства, анегдоти, постери плакати, фотографии или видеа, раскажете некоја реченица, нѐ опцуете или пофалите!
Тошо исконтактирал огромна бројка на луѓе и очекува да ја слушне и нивната страна.
Не бидете скржави и ве замолуваме да ни помогнете да го довршиме ова дело во кое ќе влезете и Вие и ќе остане во разни архиви како еден вид на музички артефакт за еден бенд кој активно и континуирано работел, свирел и творел 32 години (кои будали упм…)
Потребни сте ни!
Бидете добри! Ве сака Ваша Банда Инструментале!

Македонски


