Skip to main content

Project 7000 ја продолжи својата приказна со пролетно издание кај старите авиони над Битола

По зимското отворање на Пелистер со „Ski You Later“, Project 7000 викендов го реализираше своето второ издание под наслов „Дива ботаника“, потврдувајќи дека не станува збор за изолиран настан, туку за концепт што постепено се развива низ различни простори и сезони.

Овојпат, сцената се пресели од планината во урбаниот раб на Битола, локацијата кај старите авиони, во кругот на поранешната касарна. Простор што веќе има своја историја на повремено користење за настани, но ретко кога бил третиран како целосен дел од искуството. Наместо класична поставка, напуштените авиони, отворениот хоризонт и пролетната светлина функционираа како природна сценографија.

Она што започна како дневно дружење, постепено се трансформираше во динамично музичко искуство што кулминираше со зајдисонцето. Музичкиот дел беше внимателно структуриран. Воведот го поставија Dejan Dex Pirka и Herzel, со селекција што ја гради атмосферата постепено, оставајќи простор на публиката да влезе во ритамот на настанот.

Во продолжение, настапот на Luton и Shepa донесе друга звучна насока. Како дуо, тие комбинираат афро-ритмички елементи со современ техно пристап, создавајќи сет што не се потпира на класични сетови. Токму тој пристап овозможи музиката да функционира подеднакво природно и во отворен простор. Во текот на денот, просторот се развиваше како колективно искуство, каде што музиката, природата, уметноста од графити, движењето и интеракцијата се спојуваа без јасна граница. „Дива ботаника“ се покажа како логично продолжение на приказната започната со „Ski You Later“.

Ако зимското издание беше поставување на основата, пролетното веќе носи јасна форма на настан што се гради околу контекстот подеднакво колку и околу музиката. Со најавено летно продолжение, Project 7000 постепено се позиционира како платформа што не се повторува, туку се развива следејќи ја промената на просторот, сезоната и публиката. Настанот беше реализиран со поддршка на партнери и брендови како кои го препознаваат развојот на ваков тип на урбаната сцена.

фотографка | Кети Талевска Бакревска