Skip to main content

Ново музичко искуство поддржано од гудачки квартет на концертот на Калиопи

Како и што вети Калиопи и понуди на публиката ново музичко искуство поддржано од гудачки квартет покрај бендот на сцената. Таа синоќа го одржа првиот од најавените три акустични концерти.

Песните на Сашка Петковска, Драган Мијалковски, „Македонија“ синоќа прозвучеа моќно, а Калиопи ја изведе и првата верзија на песната „Казна“ на Ромео Грил која требала да биде изведена место „Дона“ на Евросонг во 2016, во Стокхолм, Шведска, а потоа преработена како дует со Слаткар.

На сцената која беше со сценографија и камин ја придружуваа бенд, гудачки квартет и придружните вокали Маја и Јулија.

Не кажувам со кои песни, колку песни, очекувам публиката да се изненади од новите акустични концерти во Филхармонија, закажани на 14 ноември, 6 и 7 декември , во организација на „Прагма“ со кои соработувам веќе година ипол, изјави претходно Калиопи.

Поврзани вести