Skip to main content

„Зборуе Радио Скопје“ – настан во „Ла Кања“ за 80 години Македонско Радио

„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите македонски зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ.

На 27 декември, во предвечерјето на овој исклучително значаен јубилеј за македонската државност и култура, Канал 103 во соработка со Партизанска Штампа, 5060 и Фликер Студио, го претставува пригодниот свечен постер во авторство на македонскиот ликовен уметник Иван Ивановски, едноставно насловен „Зборуе Радио Скопје“. Се работи за графика во сито печат техника, достапна во ексклузивен лимитиран тираж.

Вечерта звучно ќе ја обликува Ѓорѓи Јаневски со широк спектар македонска музика во сите правци, архивски добра, теренски снимки и некои необјавени ушни задоволства.

„Мажи накитени, жени наредени,
в борба ми одат, борба за слобода“.