Skip to main content

„Yellowjackets“ не навратија на Гершвин со композиција во која со соло моменти брилјираа членови на Националниот џез оркестар

Во Националната опера и балет, синоќа се одржа концерт на Националниот џез оркестар и легендарниот американски состав „Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот и добитници на две „Греми“ награди.

„Yellowjackets“ настапија со дел од новиот материјал и самостојно како квартет., па со оркестарот не навратија на Гершвин, во композиција во која со соло моменти бриљираа и дел од членовите на нашиот џез оркестар.

Диригент на концертот беше Боб Минцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. На сцената во Скопје настапија и Расел Феранте, Дејн Алдерсон и Вил Кенеди, во актуелната поставa на групата.

„Yellowjackets“, пионери на џез-фјужн жанрот, повеќе од четири децении ја дефинираат современата џез сцена. Според угледното списание „JazzTimes“, тие се „совршено запалив електро-акустичен состав, чија интелигентна и непредвидлива музика црпи инспирација од fusion, post-bop и современиот џез“. Со 25 издадени албуми, две греми награди и безброј настапи на најголемите светски сцени, „Yellowjackets“ се етаблираа како еден од највлијателните и најпочитувани ансамбли во џез музиката, стои во соопштението. od posveta na Majls Dejvis, preku potsetuvanje na nivniot prv album od pocetokot na 1980te… ..

По стандардната 75-минутна програма, стоечките аплаузи од публиката, повторно се вратија на бис на сцената.

Поврзани вести