Skip to main content

„Трите самовили го Бараат Дедо Мраз“ – музичко-сценска изведба во „Литература“

Во продукција на „Музичка кутија“, овој петок (27 декември) во „Литература“ во Дајмонд мол, со почеток во 18.30 часот, ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“.
„Музичка кутија“ е нова продукција којашто се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од 5 до 13 годишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) и избор од класична музика наменета за камерни ансамбли.
„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ е претстава којашто ќе се реализира со жива изведба на новогодишни песни изведени на лимени дувачки инструменти од страна на професионални музичари. Приказната зборува за трите неодоливи самовили – Муза, Нота и Песна, кои тргнуваат во потрага по Дедо Мраз, но тој е поблиску отколку што тие мислат. Додека го бараат, се случуваат неочекувани и волшебни моменти што ќе ги воодушеват најмалите. Приказната е полна со едукација, забава и инспирација.

Поврзани вести