Skip to main content

Промоција на книгата „Ретки птици“ од Ненад Георгиевски: Разговори со Влатко Стефановски, Збигњев Прајснер, Рај Кудер…

Книгата е организирана во два дела насловени „Мелодии“ и „Зборови, слики и патувања“, и во првиот дел содржи интервјуа со познати музички имиња како Рај Кудер, Збигњев Прајснер, Влатко Стефановски, Стив Ваи, Тереза Салгеиро, Бранко Николов (Фолтин), Џон Апелгрен и многу други. Посебно место во книгата зазема интервјуто со семејството на Жан Мишел Баскијат за изложбата „King Pleasure“, одржана во Њујорк во 2022 година.

На 25 декември, со почеток во 19:30 часот, во „Лабораториум“ ќе се одржи промоцијата на новата книга на Ненад Георгиевски, „Ретки Птици“. Книгата е збирка интервјуа создадени во период од десет години со ннајразличен профил на луѓе.

Книгата е поделена на два дела: „Мелодии“ и „Зборови, слики и патувања“. Првиот дел содржи интервјуа со познати музички имиња како Рај Кудер, Збигњев Прајснер, Влатко Стефановски, Стив Ваи, Тереза Салгеиро, Бранко Николов (Фолтин), Џон Апелгрен и многу други.

Вториот дел, „Зборови, слики и патувања“, опфаќа разговори со уметници и креативци од различни области, вклучувајќи фотографи (Масајоши Сукита и Оливер Белопета), графички дизајнери (Зоран Кардула и Симон Калајџиев), поети (Бранко Николов – Пијан Славеј), сликарот Ване Костуранов, Владимир Мартиновски, режисерот Жарко Иванов, патопиците Урош Крчадинац, публицистите Тони Димков и Александар Трајковски, Дана Сиљан, учител по таи чи, си-фу, како и менаџери и организатори од институции како саемот за фотографија Unseen и Музејот на Ван Гог во Амстердам. Посебно место зазема интервјуто со семејството на Жан Мишел Баскијат за изложбата „King Pleasure“, одржана во Њујорк во 2022 година.

„Ретки Птици“ е книга што изобилува со длабоки размислувања и гледишта од истакнати уметници и мислители кои ја збогатуваат македонската и светската културна сцена. Преку овие интервјуа, читателите добиваат увид во внатрешните светови, креативните процеси и визиите на авторите, прикажани низ пошироки културни и општествени контексти.

Книгата е издание на „Полица“, уредник е Милан Дамјаноски, со ликовно решение на Билјана Билбилоска. Свој настап на настанот ќе има џез гитаристот и професор Сашо Поповски. Промотори на настанот ќе бидат Александра Јуруковска и Милан Дамјаноски.  

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibom