Skip to main content

„Охридско лето“ утре ќе го заокружи своето 66. издание со современиот македонски мјузикл „Као какао“

Фестивалот ќе го заокружи своето 66. издание со современиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски.

Сместена во седумдесеттите години на минатиот век, приказната ги следи љубовта и амбицијата на една млада генерација која се обидува да ги следи своите соништа, спротивставувајќи се на стереотипите, очекувањата и невидливите граници на времето.

Со голем актерски ансамбл и музиката на Влатко Стефановски како централен двигател, „Као какао“ создава сценски свет исполнет со љубов, бунт, амбиција и стремеж кон слобода.

Поврзани вести