Skip to main content

„Леб и сол“ вечерва го отвора Битолско културно лето

Со концерт на легендарната македонска група „Леб и сол“ чии членови годинава одбележуваат голем јубилеј – 50 години на музичката сцена, вечер во античкиот театар Хераклеја Линкестис, почнува манифестацијата Битолско културно лето.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека официјалната програма на „БитФест“ ќе се одвива од 26 јуни до 31 август, и е исполнета со содржини од различни културни жанрови, поддржани од Општина Битола, но и од Министерството за култура и туризам.

Во рамки на фестивалот, утревечер во Центар за култура-Битола, концерт ќе одржи Стефанија мјузик ворлд.

Стефанија е дипломирана поп-џез пејачка, артистка со препознатлива интерпретација и оригинален звук. Публиката во живо ќе ги слушне нејзините најистакнати авторски композиции, преработени во современи џез, џез-рок и босанова аранжмани, информираа од „БитФест“.

Стефанија Милевска Враниќ, вокал ќе настапи заедно со Билјана Трајковска-вокал и придружни вокали, Владимир Враниќ-гитара, Владимир Николиќ-труба, Ристо Крстевски-клавијатура, Зоки Паркет- контрабас и бас и Павел Талевски-тапани.