Skip to main content

Концертот со филмска музика на Кирил Џајковски одложен за 15 јуни

Поради пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 луѓе, одложен е концертот на Кирил Џајковски со филмска музика кој требаше да се оджи на 6 април во Националната опера и балет од 20 часот. Македонскиот музичар и композитор ќе одржи концерт на 15 јуни.

Во овие тажни моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите и повредените во ужасната трагедија во Кочани. Во знак на почит кон сите лица погодени од оваа трагедија, сакаме да ве известиме дека концертот за филмска музика на Кирил Џајковски се одложува и ќе се реализира на 15 јуни во Националната опера и балет.

Сите билети важат за новозакажаниот датум без потреба за замена на билетите. Ако имате потреба од рефундација, следете ги инструкциите кои ќе ги добиете на електронска пошта. Ви благодариме на разбирањето, објави Џајковски на социјалните мрежи.

Поврзани вести