
Концерт на „Ладо“ – ансамбл за народни игри и песни на Хрватска
3.6.2025 / 19.30 ч. / МОБ
Концертите на Хрватскиот ансамбл за игри и песни ЛАДО ширум светот се прифатени со посебен ентузијазам од публиката, но и од стручната критика којашто редовно го вклучува Ансамблот ЛАДО рамо до рамо со најдобрите фолклорни групи во светот. Врвните играорци лесно се трансформираат во исклучителни пеачи, ансаблот станува хор, а оркестарот е составен од музичари кои се врвни мултиинструменталисти и свират на повеќе од осумдесет традиционални и класични инструменти.
Секоја концертна изведба на ансамблот е и еден вид на модна ревија на оригинална хрватска традиционална облека.
Гости на концертот ќе бидат македонскиот ансамбл за народни игри и песни – „ТАНЕЦ”, чие име го симболизира македонското народно оро, а се амбасадори на македонската народна уметност и култура низ целиот свет. Концертот на ЛАДО во Скопје е и пример за трајните културни релации помеѓу Хрватска и Македонија, како и порака за пријателство и заедништво меѓу двата народа.