Skip to main content

Концерт на Казухиро Котецу и Елена Васова во Филхармонија

Во Македонската филхармонија утре вечер ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“, музички настан што ќе го отсликува длабокото пријателство меѓу нашата држава и Јапонија.

На сцената ќе настапи јапонскиот оперски пејач- Казухиро Котецу, кој ќе ги изведе „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други песни.

Публиката ќе има можност да чуе и познати јапонски и македонски песни, внимателно избрани композиции кои ќе ја истакнат поврзаноста помеѓу македонската и јапонската култура,

Овој концерт ја рефлектира мојата длабока љубов и благодарност кон Македонија. Сè започна кога првпат ја отпеав ‘Болен ми лежи’ во 2013 година. Тогаш не знаев дека срцето ќе ми остане тука. Со текот на времето, македонските песни станаа дел од мене. Сакам преку музиката да ја пренесам таа љубов и да придонесам за уште посилна врска меѓу нашите народи, изјави Котецу.

Како што е најавено, на концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“ ќе учествуваат јапонскиот женски хор Tomoni Utao, со пијано придружба на Акико Каназава, македонскиот мешан хор Про Арс, под диригентство на Сашо Татарчевски, и специјални гости: пијанистот Иван Трајковски и јапонската сопранистка Чихиро Суганума.

Во иднина, сакам многу повеќе да бидам во Македонија, да ја прошетам земјата, да ги запознам луѓето и да ја доживеам вашата величенствена природата. Би сакал да му се заблагодарам на мојот долгогодишен пријател Драган Дамјановски, благодарение на неговата поддршката се случува концертот за кој долго мечтаев, изјави Котецу.

Организатор на концертот е компанијата Термалифт – Куманово.

Поврзани вести