Skip to main content

Два светски, а македонски, гласа – еден Завет: Концерт на Ана и Игор Дурловски на 6 декември во Скопје

Два светски гласа – еден Завет: Ана и Игор Дурловски со свој најголем концерт досега во Македонија! Вака „Пасворд Продукција“ го најави концертот на оперските пејачи и сопружници Ана и Игор Дурловски на 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.

Придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе приредат ексклузивна концертна вечер во која ќе се спојат безвременските теми од филмската музика, ремек-делата од оперскиот репертоар и богатството на македонското музичко наследство – сите во комплетно нови аранжмани.

Низ двочасовниот концерт, Ана и Игор премиерно ќе ви презентираат дела преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а со музичка поддршка на 100 музичари под диригентската палка на диригентката Ана Спасовска. Ќе пропатуваме заедно низ светот на филмот, од Shallow, Parla piu’ piano и The Book of Love, до оперската класика Кармина Бурана, за повторно да ве вратат дома до легендарниот Тоде Новачевски и темата од Tрст виа Скопје, па на крај сите заедно да си спомнеме за „Дејгиди луди млади години”. Една вечер, два гласа и ЗАВЕТ, кој овој брачен пар си го даде дека целото искуство собрано по светските сцени ќе се врати и ќе го претстави дома“, се вели во соопштението на организаторот.

Картите се достапни во продажба преку MkTickets и нивната продажна мрежа.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobet