Skip to main content

Детскиот хор на ОУ Кочо Рацин од Скопје и хорот при ООУ „Исмаил Ќемали“ од Чаир добитници на први награди на Фестивалот „Арт ин“ 2025

Од 29 мај до 1 јуни 2025 година, Кавадарци e домаќин на Меѓународниот натпревар по класична музика „Арт ин“. Овој меѓународен натпревар е еден од најзначајните музички настани во регионот, кој оваа година се одржува во Кавадарци и привлекува млади таленти од целиот свет. Градот четири дена пулсира во ритамот на музиката и танцот. Фестивалот и оваа година имаше богата програма, и многу натпреварувачи и музички педагози се собраа на едно место од различни земји во улога на стручно жири.

„Арт ин 2024“ ги обединува најталентираните деца од повеќе држави со повеќе од 500 учесници од 20 земји: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Германија, Франција, Полска, Финска, Англија, Русија, Белорусија, Украина, Израел, Кипар.

Младите се натпреваруваат во четири дисциплини: класика, фолклор, естрада и кореографија и неколку категории: соло, дуети, триа, квартети, квинтети, ансамбли, хорови и оркестри.

Во дисциплината класика има: соло-настап, дует, трио, квартет, квинтет, ансамбли и хорови (инструментални и вокално-инструментални).

Во домот на културата во Кавадарци, Иван Мазов Климе, детскиот хор на ОУ Кочо Рацин од Скопје и хорот при ООУ „Исмаил Ќемали“ од Чаир беа добитници на први награди. Од оркестрите Крешендо од Тетово и оркестарот ООУ Наум Наумовски Борче од Гази Баба Скопје се здобија со специјални први награди. Оркестарот при ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка исто така заработи прва награда.

Фестивалот „Арт ин 2024“ го организира здружението „Арт ин орг“ од Кавадарци, како член на меѓународната асоцијација на фестивали и член на УНИЦЕФ-клуб. Првиот фестивал се одржа во 2013 година во Дојран, под името „Дојрана“, со вкупно 90 учесници од шест држави.

Поврзани вести