
Вечерва, во кафе-книжарницата „Буква“, со почеток во 21:30 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на Александар Велики.
Александар Велики е кралот на Македонија, но и целиот свет. Во слободно време се занимава со музика, се разбира. Покрај басистичките активности во реномираните ПМГ Колектив, тој активно твори своја лирика и музика.
Веќе има три лонг-плеј изданија позади себе: Првиот Македонец во вселената (2018), Мирно лето (2020) и Голем (2022), па на овој предновогодишен концерт ќе изведува песни од сите досегашни изданија. Последните настапи го прикажуваат овој артист и како one-man band. Проверете како сето тоа звучи и изгледа во живо.