Skip to main content
e2VAdwdM3jA

Кадифена музика што зборува тивко и длабоко!

По речиси две години тишина, нашиот познат музичар и текстописец Ris Flower, кој изминативе две години, живее и твори во Ротердам, Холандија, се враќа на музичката сцена со нов сингл – „Velvet “. Овој сингл е најава за неговото ново ЕП со наслов “CYCLE”, кое ќе биде објавено на 18 септември 2025 година.

Од „FLOW“ до „CYCLE“ – патување низ животот и музиката


            Во мај 2023 година, Ris Flower го издаде својот прв албум “FLOW”, кој содржи 13 песни, кој покрај македонската, доживеа и интернационална промоција во живо низ Источна Европа и Јапонија. По оваа интензивна фаза,RIS FLOWER направи пауза – време посветено на лични промени, преселба, татковство и внатрешен раст.

„Velvet “– песна што допира
Првиот сингл од новото ЕП, „Velvet “, е тивка, емотивна композиција што зборува за човечноста и нежноста во време на промени, а Ris ја опишува како:

 „Една од моите омилени песни што некогаш сум ги напишал – инспирирана од некои од најубавите моменти во мојот живот. “

            Но, „Velvet“ сега носи посебна тежина и длабока лична посвета – на прерано починатиот коавтор, гитарист, аранжер и продуцент на песната – Кристијан Волчев. Неговите гитарски линии и музичка магија се втиснати во срцето на оваа композиција.

 „Ова ЕП е мој начин да ја задржам светлината што тој ја сподели – како траен, убав спомен на еден драг пријател и маестрален музичар. Почивај во мир, Кристијан. “

            “CYCLE” – музика што раскажува живот
Новото ЕП кое ќе излезе на 18ти Септември ќе содржи 4 песни, секоја од нив дел од внатрешното патување на Ris Flower. Тоа не е само музика – туку искрена приказна за губење, повторно наоѓање и прераснување во нова верзија од себеси.

Интернационална екипа која работеше на проектот:

„VELVET “

· Музика: Ris Flower (Борис Цветановски) и Кристијан Волчев

· Текст: Ris Flower

· Аранжман: Кристијан Волчев

· Микс: Марејн Никерк

· Мастеринг: Mnaudioengineering, Ротердам

· Вокали снимени во: MPA Studio, Ротердам

· Инструменти снимени во: Sweet4lab Studio, Малта

· Гитара и бас гитара: Кристијан Волчев

· Пратечки вокали: Марија Цветановска

Визуелна продукција:

· Дизајн на омот: Хун Дан Нгујен

· Фотографија за омот: Лилиан Милер

· Фотографија: Тина Ли