![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/474903695_1034722382021797_3320129921985023782_n.jpg)
Вечерва во Public Room во Скопје, со почеток во 21:00 часот, ќе имате можност да го проследите настапот на музичката група Баклава која оваа година прославува две децении од своето постоење.
Подгответе се за звучни подароци, произлезени од нивниот богат творечки опус. Ќе уживате во песни посветени на виното и љубовта, во најголемите хитови на Баклава, во звукот на баклавата.
Билетите може да ги набавите на www.drugastrana.mk
Баклава има пет различни изданија, претежно авторски песни, мешавина од повеќе јазици и музички стилови… Додека нивниот прв албум „Баклава“ е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум, создаден од композиции од самите членови. На третиот албум „Многу ми недостигаш“, ќе сведочите на мелодијата од различни народи, култури и религии. „Четворката“ е нивниот најличен албум, кој излезе првпат и на винил, и буквално е дефиниција за World Music или музика на светот.
Петтиот албум „За Скопје со љубов“ излезе на ЦД и винил во 2023 година, под брендот на издавачот CPL Music. (Насловот на македонски означува дека го посветуваат албумот на нивниот роден град, додека на англиски од каде доаѓаат) Бендот го продолжува своето музичко патување и тоа не толку далекѕ, раскажувајќи приказни за нивниот роден град. Баклава создава легенди за градот но, исто им се препушта на детските спомени, бои и вкусови. Со музиката на Елена Христова, успеваат да ги спојат традиционалните звуци со модерни звуци од целиот свет…
По многу настапи и спотови, свој документарен филм, имаат и неколку песни и во филмовите „Трето полувреме“ и „Златна петорка“.
Баклава е основана во 2004 година, и, како четворка, именувањето во Баклава не беше земен само како синоним на турскиот, исклучително благ деликатес, туку како синоним на ромб, совршената геометриска форма, или пак боја во картите. Во исто време, баклавата е вообичаен симбол на македонската традиција, претставувајќи еднаквост на културните разлики во уметноста и четирите страни на светот. Денес, на сцена можете да ги видите Елена Христова (вокал, укулеле), Владимир Стојчевски (бас гитара), Сибо (перкусии), Тимко Чичаковски (канун), Петар Христов (саксофон и кларинет), Влатко Терзиски (кларинет), Дејан Теодосиевски (виолончело)…