Skip to main content

„Време на бетон“ во режија на Игор Иванов дел од официјалната селекција на 7. Mеѓународен фестивал на документарен филм ДОК во Белград

„Време на бетон“, во режија на Игор Иванов, е дел од официјалната селекција на 7. Mеѓународен фестивал на документарен филм ДОК во Белград. По проекцијата ќе се одржи Q&A со режисерот Иванов.

„Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната архитектура, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век, на кусата ера на брутализмот. Авторите на документарниот филм се занимаваат со прашањата: Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам?

Филмот е снимен по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Режијата е на Игор Иванов. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.

Филмот е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Поврзани вести