„Време на бетон“ со награда за НАЈДОБАР ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ на 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм.
„Време на бетон“ е уникатен и длабок увид во архитектонската и урбаната историја на Скопје, со посебен фокус на модерната, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век. Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Режисер на филмот е Игор Иванов. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.