
1 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
2 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
27 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
КАЗАБЛАНКА
(Casablanca)
Игран филм, САД
1942, 102 мин. Црно-бел, ДЦП
Режија: Мајкл Кертиз (Michael Curtiz)
Сценарио: Хауард Коч (Howard Koch)
Улоги: Хемфри Богарт, Ингрид Бергман, Питер Лоре (Humphrey Bogart, Ingrid Bergman, Peter Lorre)
Дејствието се одвива за време на Втората светска војна, во градот Казабланка во францускиот протекторат Мароко, кој претставува транзитна точка за бегалците од окупираната Европа. Главниот лик, Рик Блејн (Хемфри Богарт), е сопственик на познатото кафуле „Rick’s Café Américain“, кое служи како собиралиште на различни луѓе – бегалци, шпиони, германски офицери и контрабандисти.
Ситуацијата се комплицира кога во неговото кафуле пристигнуваат неговата поранешна љубов Илза Лунд (Ингрид Бергман) и нејзиниот сопруг Виктор Ласло, лидер на отпорот против нацистите. Илза и Рик имале бурна романса во Париз пред германската окупација, но таа го напуштила без објаснување. Сега, соочен со новиот контекст, Рик мора да избере помеѓу своите лични чувства и поголемата историска и морална одговорност – да помогне Ласло да избега и да продолжи со борбата против фашизмот.
Казабланка е антологиски филм поради совршеното спојување на романтичната драма, политичката интрига и филмската поетика на класичниот Холивуд. Тој е симбол на жртвата, љубовта и херојството во време на глобална криза. Филмот е препознатлив по иконските реплики („Here’s looking at you, kid“, „We’ll always have Paris“) и по незаборавната музичка тема As Time Goes By.
Неговата вредност не е само во мелодраматичната приказна, туку и во тоа што станува метафора за изборите што ги носат луѓето меѓу личното и колективното добро. Токму затоа Казабланка останува антологија на филмското уметничко изразување, пример за вечен филм кој ја надминува својата епоха.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
3 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
ОБРАЗЕЦ Б-16
(Form B-16)
Анимиран филм, Македонија
2019, 9 мин., колор, ДЦП
Режија: Иван Ивановски ( Ivan Ivanovski)
Сценарио: Иван Ивановски ( Ivan Ivanovski)
Приказна за „малиот“ човек, заглавен во бирократскиот лавиринт, кој секогаш добива најмалку од сите. Тој човек издржува низа ситуации во системот на апсурдите и парадоксите кои немоновно произлегуваат од општествената динамика, а посебно од идеолошките и технократските управувања. Сепак, слободата и правото на индивидуалниот избор за начинот на живот во рамките на системот се и ќе останат врзани за личната одговорност за себе…
ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ
Игран филм,: Р. Македонија, Чешка Република
2012, 109 минути мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Митревски Дарко
Улоги Ангелов Игор, Апостоловски Митко, Коцев Сашко, Митковски Оливер, Михајловски Тони, Недеска Верица, Рубен Емил, Шербеџија Раде, Бајрам Северџан, Ивановска Катарина, Куновска – Матевска Софија, Самел Рихард, Цветковски Гораст
Содржина: „Трето полувреме“ е комплексна историска филмска приказна со мелодраматични елементи, на тема холокауст, раскажана од гледна точка на остарената Еврејка Ребека Коен. Имено, кога по 70 години отсуство остарената Ребека за прв пат доаѓа во својот роден град Скопје, таа на својата правнука Американка, нејзината придружничка, ù ја раскажува сопствената животна приказна, поточно годините 1941-1943, периодот на нејзината младост, но и најдраматичниот период од нејзиниот живот, кога се вљубува во фудбалерот од друга вера, Македонецот Коста, и кога во логорите на смртта го губи својот татко, богатиот банкар Рафаел Коен.
Во филмската приказна се испреплетуваат два наративни тека. Во првиот тек на нарацијата, преку личната приказна на Ребека Коен и на нејзините блиски, татко ù Рафаел, другарката Жамила, слугата Пепо и рабинот, претставена е судбината на Евреите од Македонија, кои во најголем број завршуваат во концентрацискиот логор Треблинка.
Во вториот наративен тек е раскажана приказната за фудбалскиот клуб „Македонија“, фудбалерот Коста и неговите соиграчи, директорот на клубот Димитрија и тренерот Рудолф Шпиц, Германец кому по бугарската окупација ќе му биде откриено еврејското потекло. Фудбалерот Коста, кој се вљубува во Ребека која подоцна, и покрај противењето на татко ù ќе стане негова жена, е ликот што ги поврзува двете наративни нишки.
Во филмската приказна, на интертекстуално ниво, преку недобројни информанти во форма на реплики, цитати од весници, историски реминисценции и архивски снимки, се скицира времето и амбиентот во кое се одвива приказната, српската окупација на Македонија пред Втората светска војна, но и бугарската окупација за време на Втората светска војна, при што особено е впечатлив негативниот лик на полковникот Гарванов.
Документаристички информанти не недостасуваат ниту во сегашното време на нарацијата, во 2011 г., во времето во кое раскажува Ребека, во кое се преставени изгледот на денешно Скопје и „Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија“ отворен во Скопје.
Расплетот на филмската приказна повторно е содржан во двете наративни нишки: Евреите од Македонија, сите блиски на Ребека се испратени во логор, а откако на фудбалскиот клуб „Македонија“ неправедно му е одземена титулата во првенството на Царството Бугарија, Димитрија се жртвува така што му го поштедува животот на тренерот Рудолф Шпиц овозможувајќи му да избега во западна Македонија, во италијанската окупациска зона каде што на Евреите гледаат поблаконаклоно, а тој се самоубива.
Разрешницата на љубовната приказна ù ја соопштува Ребека Коен на својата правнука, кажувајќи ù дека фудбалерите му се придружиле на партизанското движење на отпорот против фашизмот, за по војната, таа и Коста да се преселат прво во Израел, а оттаму во Америка, каде што им се раѓаат многу деца, внуци и правнуци.
Во поднасловот на филмот стои дека филмот е „инспириран од вистински настани“, а на одјавната шпица, на англиски јазик е наведено дека филмот ù е „посветен на Нета Коен, млада Еврејка што побегна со македонски фудбалер, го преживеа холокаустот и доживеа да го инспирира овој филм“.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
4 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
ДЕНЕС ТРЕБА НЕШТО ДА СЕ СЛУЧИ (1978)
Игран филм, Македонија
1978, 10 мин., колор, 35мм
Режија: Миле Грозданоски (Mile Grozdanoski)
Сценарио: Миле Грозданоски (Mile Grozdanoski)
Улоги: Стојка Цекова Тодор Николовски (Stojka Cekova, Todor Nikolovski)
Поетска и тажна приказна за љубов, разделеност и немоќ. Двајца старци, една љубов и еден граничен камен меѓу нив.
РУГАЊЕ СО ХРИСТОС
(Mocking of Christ)
Игран филм, Македонија
2018, 84 мин., колор, ДЦП
Режија: Јани Бојаџи
Сценарио: Јани Бојаџи
Улоги: Љупчо Тодоровски-Упа, Јоана Пилиху, Мето Јовановски, Јоана Поповска, Младен Крстевски
Александар е познат новинар во еден угледен француски политички весник. Тој се враќа во неговото родно место Нивици, во преспанскиот дел на Егејска Македонија, со цел да дознае кој бил неговиот татко Лазар, кој долго време живеел во Македонија како политички емигрант.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
5 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
СЕВЕРЕН ПОЛ
(North pole)
Игран филм, Македонија
2021, 15 мин., колор, 16 мм
Режија: Марија Апчевска-Петровска (Marija Apshevska- Petrovska)
Сценарио: Марија Апчевска-Петровска (Marija Apshevska- Petrovska)
Улоги: Антониа Белазелковска, Лука Митев (Antonia Belazelkoska, Luka Mitev)
Приказна за одраснувањето и сексуалното созревање на тинејџерката Марго (Белазелкоска). Марго е сексуално фрустрирана од притисокот на нејзините другарки дека сè уште е невина, па сака по секоја цена првото сексуално искуство да го има со нејзината симпатија Матеј (Митев)…
СЕВЕРЕН ПОЛ беше селектиран во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал 2021 и беше во конкуренција за наградата „Златна палма“ за најдобар краток филм. Филмот на Апчевска учествуваше на десетина филмски фестивали низ светот и победи на загрепскиот и на фестивалот Balkans Beyond Borders. Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица.
СОБА СО ПИЈАНО
(Piano room)
Игран филм, Македонија
2013, 103 мин., колор, ДЦП
Режија: Игор Иванов Изи (Igor Ivanov – Izi)
Сценарио: Игор Иванов Изи (Igor Ivanov – Izi)
Улоги: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски (Natasha Petrovic, Jovica Mihajlovski)
„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација, од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа – единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот живот – го живеат она што вистински се.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
6 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
ПРАШИНА
(Dust)
Игран филм, В. Британија / Италија / Германија / Македонија
2001, 127 мин., колор, 35 мм
Режија: Милчо Манчевски
Сценарио: Милчо Манчевски
Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Николина Кујача, Владо Јовановски, Салаетин Билал (Joseph Fiennes, David Wenham, Adrian Lester, Anne Brochet, Rosemary Murphy, Nikolina Kujaca, Vlado Jovanovski, Salaetin Bilal)
ПРАШИНА раскажува две приказни истовремено и во заднината прави скокови од почетокот на 20-тиот век до американскиот современ културен момент.
На почетокот на 20-тиот век, на американскиот Запад, двајца браќа се вљубуваат во иста жена. Лилит (Броше) го одбира помладиот Елаја (Фајнс), а Лук (Венам) заминува за Европа, каде неговите демони го водат во Македонија. Македонскиот дел од приказната нè води во Македонија под отоманско ропство и приказната за борбата за гол живот. Учителот (Јовановски) е предводник на комитите, а Неда (Кујача) е пред пораѓање на нивното дете, ќерката Ангела. Сардисани од турскиот аскер, напомош им доаѓа еден каубоец, бркан од друг каубоец… Во временските скокови низ филмот се мешаат раѓањето и смртта на Ангела (Марфи) и нејзиното надмудрување со крадецот Еџ (Лестер).
Филмот е приказна за љубовта, но и за омразата, за Балканот и Америка, која доведува до фатален крај на главните ликови.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
9 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
29 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
ТРЕТИОТ ЧОВЕК
(The Third Man)
Игран филм, Велика Британија
1949, 104 мин., Црно-бел, ДЦП
Режија: Керол Рид (Carol Reed)
Сценарио: Греам Грин (Graham Greene)
Улоги: Џозеф Котен, Орсон Велс, Алида Вали (Joseph Cotten, Orson Welles, Alida Valli)
„Третиот човек“ (The Third Man, 1949) во режија на Керол Рид е едно од антологиските остварувања на европскиот и британскиот филмски реализам и филм-ноар. Дејството е сместено во Виена по Втората светска војна, град поделен меѓу сојузничките сили и исполнет со шверцери, тајни служби и морална неодреденост. Американскиот писател на евтини вестерни, Холи Мартинс (Џозеф Котен), пристигнува во Виена по покана на неговиот стар пријател Хари Лајм (Орсон Велс), кој веднаш по неговото доаѓање загинува во сомнителна сообраќајна несреќа. Мартинс започнува да истражува и набрзо открива дека приказната за смртта на Лајм е полна со противречности и дека постои мистериозен „трет човек“ кој бил присутен на местото на несреќата.
Како што се одмотува загатката, се открива дека Лајм всушност е жив и е вклучен во црниот пазар со лекови – заработувајќи на сметка на болните и сиромашните. Сцената на средбата во виенската париска тркала и мрачниот лавиринт на канализацијата стануваат култни моменти во историјата на филмот.
„Третиот човек“ е антологиски филм поради неговата неповторлива атмосфера, изразената игра на светло и сенки, и меланхоличната музичка тема на цитра од Антон Карас, која контрастира со мрачниот свет што го прикажува филмот. Тој претставува врв на поствоениот европски ноар и слика на моралниот хаос што го оставила војната.
Филмот е истовремено детективска мистерија, студија за човечката амбиваленција и метафора за изгубените илузии. Ликот на Хари Лајм е една од најмагнетичните фигури на филмското зло – шармантен, духовит, но и безмилосен. Поради ова, „Третиот човек“ останува еден од најзначајните примери на филмот како уметност која ја надминува забавата и станува сведоштво за историскиот и морален дух на едно време.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
10 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
ВИДИ ЈА ТИ НЕА
(Would You Look at Her)
Игран филм, Македонија
2023, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски(Goran Stolevski)
Улоги: Сара Климоска, Игор Ангелов, Милица Стојанова, Пируника Киселички (Sara Klimoska, Igor Angelov, Milica Stojanova, Pirunika Kiselicki
Тврдоглава девојка го наоѓа неверојатното решение за сите свои проблеми во еден исклучиво машки религиозен ритуал.
ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ
(Housekeeping for Beginners)
Игран филм, Македонија / Хрватска / Косово / Полска
2023, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски(Goran Stolevski)Улоги: Анамариа Маринка, Алина Сербан, Самсон Селим, Владимир Тинтор, Миа Мустафа, Џада Селим, Сара Климоска, Розафа Целај, Ајше Усеини (Anamaria Marinka, Alina Serban, Samson Selim, Vladimir Tintor, Mia Mustafa, Djada Selim, Sara Klimoska, Rozafa Celaj, Ajshe Useini)
Филмската приказна на Столевски се занимава со универзалните вредности на семејството – она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале. Дита никогаш немала намера да биде мајка, но сега околностите ја присилуваат да ги згрижи малата немирна Миа и бунтовната тинејџерка Ванеса, ќерки на нејзината девојка. Гледаме битка помеѓу три своеглави жени кои полека прераснуваат во семејство и ќе сторат сѐ за да останат заедно.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
11 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
НАЛЕПНИЦА
(Sticker))
Игран филм, Македонија / Косово / Црна Гора
2019, 18 мин., колор, ДЦП
Режија: Ѓорѓи Унковски (Georgi M. Unkovski)
Сценарио: Ѓорѓи Унковски (Georgi M. Unkovski)
Улоги: Сашко Коцев, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски (Sasko Kocev, Xhevdet Jashari, Ljupcho Todorovski)
По неуспешниот обид да ја обнови регистрацијата на автомобилот, Дејан паѓа во бирократска стапица што ја става на тест неговата решеност да биде одговорен татко.
СКОПЈЕ РЕМИКС
(Skopje Remixed)
Игран филм, Македонија
2012, 141мин., колор, ДЦП
Режија, Сценарио: НОВО МАКЕДОНСКО ВИДЕО – колектив на македонски режисери и филмски работници
Улоги: Оливер Митковкси, Камка Тоциновски, Милан Тоциновски, Ана Стојановска, Јулија Милкова, Софија Куновска, Дејан Лилиќ
„Скопје Ремикс“ е амбициозен и иновативен филм од 2012 година, создаден од колектив на македонски режисери. Филмот се состои од десет кратки приказни кои се фокусираат на различни аспекти на животот во македонската престолнина, Скопје. Со својот уникатен пристап и разновидност, „Скопје Ремикс“ нуди свеж поглед на градот и неговите жители, прикажувајќи го во светлина која е истовремено реалистична и магична.
Главната сила на филмот лежи во неговата способност да ги обедини различните стилови и гласови на десетте режисери, создавајќи кохезивно и возбудливо кинематографско искуство. Секој сегмент носи свој уникатен тон и перспектива, од комични и сатирични, до драматични и емотивни. Овој мултиперспективен пристап овозможува филмот да го прикаже Скопје како комплексен и разнолик град, исполнет со контрасти и парадокси.
Филмот ги комбинира елементите на реализмот и фантазијата, прикажувајќи го градот како место каде што секојдневието се среќава со необичното и неочекуваното. Темите кои се истражуваат во филмот вклучуваат љубов, идентитет, социјални неправди и човечка издржливост, секогаш со фокус на уникатниот урбан контекст на Скопје.
Секој сегмент е визуелно различен, со употреба на различни стилови и техники кои дополнително го збогатуваат визуелното искуство на гледачот. Од реалистични улични сцени до апстрактни и симболични кадри, филмот успева да го прикаже Скопје на начин кој е свеж и инспиративен.
Музиката и звукот во „Скопје Ремикс“ се исто така извонредно интегрирани, со внимателно избрани саундтрак-нумери кои го дополнуваат и зајакнуваат наративот. Звуците на градот, заедно со оригиналните музички композиции, создаваат богата и автентична аудиовизуелна атмосфера.
Во целина, „Скопје Ремикс“” е филм кој успева да го прикаже духот и енергијата на Скопје на начин кој е истовремено забавен и длабок. Со својата мултиперспективна структура и разновидни приказни, филмот нуди богат и комплексен поглед на животот во македонската престолнина. Ова дело на групата автори е значаен придонес во современата македонска кинематографија и заслужува да биде гледано и ценето од пошироката публика.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
12 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
ВИРОВО
Документарен филм Македонија
1968, 10 мин., колор, 35мм
Режија: Петровски Мето (Petrovski Meto)
Сценарио: Андреевски М. Петре (Andreevski M. Petre)
Етнолошки филм за еден од најстарите сочувани занаети на Балканот – валавничарството, кој сè уште се негува во селото Вирово, Демирхисарско. За тоа погодува и хидрографскиот терен на селото, кое се наоѓа меѓу планински водотеци, каде со помош на природните благодети се изведува овој занает.
СЕСТРИ
(Sisterhood)
Игран филм, Македонија / Косово / Црна Гора
2021, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Дина Дума (Dina Duma)
Сценарио: Дина Дума, Мартин Иванов (Dina Duma, Martin Ivanov)
Улоги: Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Марија Јанчевска, Ханис Багашов, Верица Недеска (Antonija Belazelkoska, Mia Giraud, Marija Jancevska, Hanis Bagashov, Verica Nedeska)
Филмот е приказна за две млади девојки, Маја и Јана. Растат во типична постсоцијалистичка средина со изместени вредности. Нивното хоби е синхронизирано пливање. Маја е вљубена во Крис, и на една журка наместо да започнат нормална врска, Елена ѝ го презема дечкото на Маја. Елена и Крис имаат орален секс на отворено, а Маја и Јана ќе го снимат тој настан со мобилен телефон и ќе го објават на социјалните мрежи. Животот на Елена станува пекол, и по судирот со Маја и Јана се случува страшен инцидент во кој исчезнува Елена. Сите се во потрага по неа, а пријателството на Маја и Јана е доведено во прашање…
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
13 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
ДО БАЛЧАК
(To the Tilt)
Игран филм, Македонија
2014, 165 мин, ДЦП
Режија: Столе Попов
Сценарио: Горан Стефановски, Столе Попов
Улоги: Инти Сирај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев
ДО БАЛЧАК е последното остварување на доајенот на македонскиот филм Столе Попов. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која македонската кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и раскажувањата со реалната стварност на суровиот живот. Антивестерн, пандан на традиционалниот Амerican Western или нешто што слободно би можеле да го наречеме Маcedonian Eastern, филм што излегува од просторот на кој од памтивек се среќаваат и судираат западната и источната цивилизација…
Дејствието на филмот се случува во 1907 во Отоманска Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востаниe. Приказната ги следи случувањата на комплексен љубовен четириаголник помеѓу Крсто – бескомпромисен и идеалистичен комита, Музафер – безмилосен турски офицер, Филип – опортунист кој се враќа дома по завршени студии во Европа, и Тереза – слободоумна Европејка во потрага по авантура, која ги залудува тројцата мажи и предизвикува серија на настани со далекусежни и несогледиви последици.
ДО БАЛЧАК бил прикажан во Шведска, во рамките на „Balkan New Film Festival“, учествувал на фестивалот „Febiofest“ во Прага, а бил прикажан и во Минхен, во рамките на 10-тите Денови на Балканот .
Награди:
• Награда на публиката за најдобар филм на Balkan New Film Festival (Stockholm, Malmo, Sweden 2016)
• Најдобра женска улога – Инти Шрај(LIFFE, Serbia)
• Номиниран за Македонски Кандидат за Оскар
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
15 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
16 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
17 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
18 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
19 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
20 СЕПТЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ХРВАТСКИОТ ФИЛМ
22 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
30 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
ДАМАТА ОД ШАНГАЈ
(The Lady form Shanghai)
Игран филм, САД
1947, 88 мин., Црно-бел, ДЦП
Режија и Сценарио: Орсон Велс (Orson Welles)
Улоги: Орсон Велс, Рита Хејворт (Orson Welles, Rita Hayworth)
Дамата од Шангај (The Lady from Shanghai, 1947) е култно ноар-остварување во режија и со главна улога на Орсон Велс. Приказната ја следи судбината на ирскиот морнар Мајкл О’Хара (Велс), кој по случајна средба се вклучува во светот на мистериозната и заводлива Елза Банистер (Рита Хејворт), сопруга на богат, но болен адвокат.
О’Хара прифаќа да работи на нивната јахта и брзо се заплеткува во мрежа од интриги, измами и убиствени планови. Централниот мотив е еротската напнатост и опасната привлечност на Елза, која води кон еден од најпознатите филмски завршетоци – сцена во лавиринтот со огледала, каде што вистината и илузијата се претопуваат во кобна игра.
Дамата од Шангај е антологиски филм-ноар поради експерименталната режија на Велс, визуелната раскош и психолошката комплексност на ликовите. Велс успева да ја изгради атмосферата на параноја и предавство преку необични агли на камерата, остри светлосни контрасти и фрагментирана структура.
Филмот го надминува жанрот и станува метафора за човечката заблуда, желбата и уништувачката моќ на страста. Рита Хејворт со својата иконична трансформација (скратена руса коса, сосема различна од нејзиниот претходен имиџ) останува еден од најзапаметените фатални женски ликови во историјата на филмот.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
24 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.
„И БОГ ЈА СОЗДАДЕ ЖЕНАТА“
(And God Created Woman/ Et Dieu… créa la femme)
Игран филм, Франција
1956, 91 мин., колор, 35мм
Режисер: Роже Вадим (Roger Vadim)
Сценарио: Роже Вадим , Раул Леви (Roger Vadim ,Raoul Lévy)
Улоги: Брижит Бардо, Курд Јургенс, Жан-Луј Тринтињан (Brigitte Bardot, Curd Jürgens Jean-Louis Trintignant)
Џулиет е осумнаесетгодишна убавица без родители. Таа се мажи за наивниот Микеле, соочена со враќање во сиропиталиштето, но оној што може да внесе збунетост во оваа и онака кревка врска е братот на Микеле, Антоан. Жулиет мора наскоро да одлучи дали почитта што ја ужива од Микеле и значи нешто или ќе се врати на стариот начин на живот.
И БОГ ЈА СОЗДАДЕ ЖЕНАТА е режисерско деби на Роже Вадим . Филмот доживеа неверојатен успех и има култен статус и ја лансираше Брижит Бардо како една од најголемите интернационални филмски ѕвезди и секс икона на своето време.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
26 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.
АПАРТМАН
(„The Apartment“)
Игран филм, САД,
1960, 125 мин., црно бел, 35мм
Режисер: Били Вајдлер (Billy Wilder);
Сценарио: Били Вајдлер, И.А.Л. Дајмонд (Billy Wilder, I. A. L. Diamond);
Улоги: Џек Лемон, Ширли Меклејн, Фред МекМареј, Реј Валтсон, Еди Адамс, (Jack Lemmon, Shirley MacLaine, Fred MacMurray, Ray Walston, Edie Adams);
Приказната го следи „Бад“ (игран од Џек Лемон), службеник за осигурување кој, надевајќи се дека ќе му помогне во кариерата, им дозволува на постарите колеги да го користат неговиот стан за нивните вонбрачни афери. Бад развива симпатии кон операторка на лифт, Фран Кубелик (играна од Ширли Меклејн), која, пак, има афера со шефот на Бад.
„АПАРТМАН“ е американска романтична комедија од 1960-та година, режирана и продуцирана од великаниот на холивудскиот и светски филм, Били Вајлдер. Во него играат големите холивудски ѕвезди од минатото – Џек Лемон, Ширли Меклејн, Фред МекМареј.
Овој филм на Валјдер се смета за еднo од неговите најдобри остварувања и за еден од најголемите американски филмови некогаш снимени. Има освоено пет награди за оскар меѓу кои за најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио и редовно се појавува на листите на најдобри филмови и e избран од Конгресната библиотека на Соединетите Американски Држави за зачувување во Националниот филмски регистар.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари
25 СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
(Le Panache)
Игран филм, Франција
2025, 104 мин., колор, ДЦП
Режија: Женифер Деволдер (Jennifer Devoldère)
Сценарио: Женифер Деволдер, Сесил Селам, Николас Деворт (Jennifer Devoldère ,Cécile Sellam, Nicolas Devort)
Улоги: Хозе Гарсиа, Ауре Атика, Жоаким Арсегвел (José Garcia, Aure Atika, Joachim Arseguel)
Драмедија – адаптација од претставата „Биди Сирано“ што ја раскажува приказната за мало момче кое наоѓа засолниште во имагинарен свет за да избега од насилството на својот татко
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари