Skip to main content

Промоција на книгата „Гледна точка“ на Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист денеска во Кинотека

Во вторник, 21 јануари, со почеток од 19 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи промоција на книгата „Гледна точка“ на авторот Јани Бојаџи, македонски режисер, продуцент и сценарист.

,,Дали навистина сум таков во текот на работа на сет или пак можеби не сосема? Со нетрпение чекам да видам дали е така како што сум пишувал?’’ ,вели Бојаџи во најавата за промоцијата на книгата.

Водител на настанот ќе биде Александар Русјаков, а искуства ќе споделат и неколку актери, директори на фотографија и монтажери, соработници на Бојаџи.

Авторот најавува и специјално изненадување за сите кои ќе дојдат на промоцијата и ќе бидат дел од забавата. Ќе биде покажан трејлер од долгочекуваниот нов проект „Утре наутро“!

Поврзани вести