Деми Мур освои „Златен глобус“ за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во „The Substance“, приказна за актерка која избледува во потрага по фонтаната на младоста.
Ова е една од најзначајните награди што ги има добиено и нејзина четврта номинација за „Златен глобус“, откако претходно беше номинирана за улоги во филмовите „Дух“ (1991), како и во две категории за филмот „Ако ѕидовите би можеле да зборуваат“ (1997). При примањето на наградата, шокираната 62-годишна актерка одржа емотивен говор кој ги расплака фановите.
Навистина не го очекував ова. Во моментов сум во шок. Ова го правам долго време, повеќе од 45 години, и ова е прв пат да освојам нешто како актерка и сум едноставно толку понизна и толку благодарна“, започна таа, а потоа се осврна на својата кариера и на она што надминало сè низ годините.
„Пред 30 години, еден продуцент ми рече дека сум безначајна актерка, тоа значеше дека можам да снимам успешни филмови кои ќе заработат многу пари, но дека нема да ме препознаат и верував во тоа“, рече таа додека беше совладана од емоциите.
И тоа на крајот ме изглода до тој степен што пред неколку години помислив дека можеби „ова е тоа“. Можеби го направив она што требаше да го направам. Но на моето биро дојде лудото сценарио наречено „Супстанција“.
„Универзумот ми кажа дека не сум готова“, рече таа и се заблагодари на режисерката и сценаристката на филмот Корали Фаргит за укажаната доверба, како и на целиот нејзин тим, од кои многумина се со неа повеќе од 30 години и кој ја поддржуваше и кога не веруваше во себе.
Таа се осврна на клучниот момент во филмот во кој Елизабет Спаркл, ликот што ја игра, ја симнува шминката:
Во оние моменти кога мислиме дека не сме доволно паметни или убави или доволно слаби или успешни, или дека ние едноставно не сме доволно добри, една жена ми рече: „Само знај дека никогаш нема да бидеш доволно, но можеш да ја знаеш својата вредност ако само ги спуштиш критериумите“.
„И така денес го славам ова како знак на мојата целост и љубов што ме трогнува и дарба да правам нешто што го сакам и да се потсетувам дека некаде припаѓам“, заклучи таа и остави бројни ѕвезди, но и обожаватели ширум светот трогнати до солзи, со овации кои одекнуваа дури и кога таа ја напушти сцената.