
Филмскиот фестивал во Кан ќе му додели признание на режисерот Питер Џексон со доделување на почесна Златна палма на претстојното издание на фестивалот. Организаторите соопштија дека Џексон ќе биде добитник на наградата за „опус кој ги спојува холивудските блокбастери и авторските филмови со извонредна уметничка визија и технолошка храброст“.
Режисерот на „Господарот на прстените“ во соопштение го нарече ова признание една од најголемите привилегии во својата кариера. Тој се присети дека првпат дошол во Кан во 1988 година за да го продаде својот прв филм „Bad Taste“, а во 2002 година се вратил за да ја прикаже претпремиерата на „The Fellowship of the Ring“.
„Овој фестивал секогаш славел храбра и визионерска кинематографија и многу сум благодарен на Фестивалот во Кан што ме препозна меѓу филмските творци и уметници чија работа продолжува да ме инспирира“, изјави Џексон.
Минатата година почесната Златна палма ја добија Роберт Де Ниро и Дензел Вашингтон. Оваа година фестивалот ќе се одржи од 12 до 23 мај.

Македонски

