
Отворена аудиција за главната женска улога во филмот „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска за девојки/жени на возраст помеѓу 30 и 40 години кои немаат професионално актерско искуство.
Аудицијата ќе се одржи на 26 април од 10ч. до 18ч. во просториите на Вардар Филм (ул.8ми март бр.4, Скопје) а ќе се состои од фотографирање и кратко видео интервју. Замолуваме кандидатките да дојдат на аудицијата без шминка.
Оние заинтересирани кои не можат физички да дојдат на кастингот, може да испратат четири „свежи“ фотографии и кратко видео:
– фотографија од лицето озбилни
– фотографија од лицето со насмевка
– фотографија од лицето во профил
– фотографија од целото тело
-видео претставување од максимум 2 минути со име и презиме, возраст, место на живеење и неколку реченици за себе.
Фотографиите и видеото треба да се на чиста позадина, без филтри од социјалните мрежи и без шминка.
Кастинг материјалите треба да се испратат на имејл адресата- castingproletnocistenje@gmail.com