Skip to main content

Филмот награден со пет Цезари „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“ на 28 јуни во Кинотека на Неделата на франкофонски филм

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто се одржува до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Македонија.

Во рамките на оваа филмска манифестација, в сабота, 28 јуни, со почеток во 20 часот, во Кинотеката, ќе биде прикажан исклучителниот француски филм „Вашите лица секогаш ќе ми бидат пред очи“ (2023), на Жана Ери, со Елоди Буше, Адел Егзаркопулос и Лејла Бекти во главните улоги.

Филмот ја истражува ресторативната правда, од 2014 година, во Франција. На овој начин, на жртвите и сторителите на прекршоци им се дава можност да разговараат во безбедни околности под надзор на професионалци и волонтери.

Филмот е е награден e со 5 Цезари во 2024: Цезар за најдобра фотографија, најдобра музика, најдобри костими, најдобри визуелни ефекти како и Цезар за најдобра споредна женска улога, и има над 1,1 милион продадени влезници во кино-салите во Франција.

Филмот е со превод на македонски јазик.