
Во Македонска Опера и Балет синоќа се одржа ујбилејниот концерт- 35 години од кариерата на Миле Кузмановски.

Овој наш популарен пејач е познат и по својот препознатлив музички стил, на концертот е придружуван од камерен оркестар за посебна уметничка емоција и уметничко доживување. Воедно, тоа е уште еден доказ за заслуженото позиционирање на Кузмановски на естрадниот фолк-врв во Македонија. Бројни наши пејачи и музички колеги беа дојдени да го поддржат, а меѓу нив беше и пејачката Бојана Скендеровски, а гостин на концертот беше и Спасен Силјановски.
Вчера Кузмановски славеше 35 години кариера, но и својот 54. роденден, заедно со својата верна публика.роденден, а Сузана Спасовска, заедно со публиката му ја запеаја роденденска песна.
Миле Кузмановски е роден на 24 декември 1971 година во Скопје. Има настапувано на речиси сите фестивали во Македонија, а има направено концерти низ целиот свет. Познат е по баладите „Не кани ме“ и „Крал без круна“. Има одражано многу солистички концерти, во 2010 година во Универзална сала – Скопје одржа концерт заедо со Група Академци. Исто така и во 2012 година со Арија Бенд, специјални гости му беа Виолета Томовска, Новица Василевски и Марјан Коцев, и следниот концерт е во 2014 година. Неговата кариера ја одбележа песната „Не кани ме“ чиј автор на песната е Орце Лазаров од Група Академци а текстот го напишал Огнен Неделковски.

Македонски





