
Половина од новиот албум на Никола Јанков-Коки „Навикни на промени“ е промовиран во изминативе пет недели на дигиталните платформи.
Баладата на Дуле и Коки која остана да се пее како евергрин „Колку треба да се плати“ и песната „Јас и ти“ се новите преработки кои излегоа вчера.
Како што претходно најавив, секој понеделник ќе излегуваат по две песни и два спота на дигиталните платформи и на Јујтјуб. Целиот албум ќе биде достапен на дигиталните платформи кога ќе се промовираат сите 20 песни, а досега излегоа десет. Ова се обработки на хитовите кои ги снимивме заедно со Дуле, има и песни кои ги испеав со групата ‘Тајфата‘ и некои нови. Ако сакате да ја следите приказната, можете да се претплатите на мојот Јутјуб канал https://www.youtube.com/@koki-jankov “, најави музичарот.
Заедно со „Колку треба да се плати“ и „Јас и ти“, досега, Коки ги обајви и преработките на „ Навикни на промени“, „Залудно е да се напијам“, „Мене место не ме фаќа“, „Бела Ајта“, „Еј, калдрмо“, „НАТО мори душманке“, „Марама“ и „Не ми е денот“.
Песните премиерно ќе се испеат на концертот на 14 ноември во Филхармонија во Скопје, како одбележување на јубилејот, 30 години од победата на Дуле и Коки на фестивалот „Макфест“ со хитот „Виолина и гитара“.
На „Макфест“ минатата година, Јанков ја испеа песната песната „Виолина и…“ која му ја посвети на Дуле. За неа, во јануари сними анимиран спот направен со помош на вештачка интелигенција.
Миленикот на сите генерации, Душан Љубисављевиќ-Дуле почина на 23 септември 2013. Во 2023 година во Домот на млади во Штип, Коки направи концерт во неговат чест.
Автор на новите аранжмани на песните од албумот е Темелко Андреев.

Македонски


